Map Graph

Богданова Нива (Чаниште)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Богданова Нива — археолошко наоѓалиште во прилепското село Чаниште. Претставува населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, од левата страна на Црна Река има обработлива површина на која се наоѓа голем број фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, питоси и друг градежен материјал.

Read article